Track & Trace Coordinator


Локација:Прилеп, Македонија
Оддел: Brokerage
Ниво:
Почетничко или со работно искуство
Работно време:
13:30 -21:30,14:00 - 22:00,14:30 – 22:30 или 15:00 - 23:00

Superior го проширува Track & Trace тимот и бара нов член за позиција Track & Trace Coordinator во Brokerage одделот.

Ова е канцелариска позиција за кандидати со добар англиски јазик, добра комуникација и желба да научат како се следат товари на U.S. пазарот.

 Ќе добиеш платена обука и тим што ќе ти помогне да го научиш процесот од почеток.

Што значи Track & Trace?

Track & Trace е работа со информации.

Во текот на смената ќе следиш каде се наоѓаат активни товари, дали pickup и delivery одат според план, дали има доцнење или промена, и дали таа информација треба да се пренесе до тимот или клиентот.

Со други зборови: твојата задача е тимот да има точен статус во вистинско време.

Што ќе работиш?

  • ќе следиш активни товари во текот на смената
  • ќе проверуваш pickup, transit и delivery статуси
  • ќе комуницираш преку телефон и email
  • ќе внесуваш updates и notes во систем
  • ќе проверуваш ETA и основни информации поврзани со товарот
  • ќе известуваш за доцнења, промени или ситуации што треба да се пренесат понатаму
  • ќе одржуваш уредна евиденција за секоја товар
  • ќе следиш инструкции од тим лидер и клиент

Кого бараме?

Оваа позиција е за кандидат кој сака да учи, знае да комуницира јасно и може да работи со повеќе информации во исто време.

Потребно е:

  • добро познавање на англиски јазик, писмено и говорно
  • добра комуникација по телефон и email
  • внимание на детали
  • одговорен пристап кон работата
  • добра организација на време
  • способност за работа со повеќе задачи
  • брзо снаоѓање со нови информации
  • желба за учење во логистичка средина

Искуство во логистика, транспорт, customer support или административна работа е предност, но не е задолжително.

Што нудиме?

  • платена обука и воведување во работата
  • фиксна плата + дополнителни месечни бонуси според резултати 
  • обука во Штип  во времетраење од 1 до 2 месеца (со обезбеден превоз)
  • работа од канцеларија во Прилеп работно време: 13:30 -21:30,14:00 - 22:00,14:30 – 22:30 или 15:00 - 23:00
  • можност за кариерен напредок
  • слободен ден за роденден

 

Ако имаш добар англиски, сакаш канцелариска работа и бараш место каде што можеш да почнеш без претходно искуство, ова може да биде твојот почеток во Superior.

Аплицирај сега.

 

 

Пријави се

Прилози

Заштита на лични податоци *

Покажи повеќе...
SuperiorGlobalServices
FledgeHR © 2026
Cookie consent Политика за приватност