Driver Recruiter

Локација: Штип, Македонија
Оддел: Recruiting
Ниво: Почетничко или со искуство
Работно време: 15:00 - 23:00

Superior го проширува Recruiting тимот и бара нов член за позиција Driver Recruiter во нашата канцеларија во Штип.

Ова е канцелариска позиција за кандидати со добар англиски јазик, добра комуникација и интерес за работа со луѓе. Работата е поврзана со регрутација на CDL возачи од САД за транспортни компании на U.S. пазарот.

Позицијата е отворена и за почетници. Не мора да имаш претходно искуство во recruiting. Ако имаш добар англиски, сакаш да учиш и знаеш да водиш разговор со луѓе, ќе добиеш платена обука и тим што ќе ти помогне да го научиш процесот чекор по чекор.

Искуство во recruiting, sales, customer support или logistics е голема предност, но не е задолжително.

Што значи Driver Recruiter позицијата?

Driver Recruiter е позиција во која ќе комуницираш со CDL возачи од САД и ќе им помагаш да поминат низ процесот за аплицирање за отворени возачки позиции.

Во текот на смената ќе контактираш кандидати, ќе разговараш со нив за работни понуди, ќе проверуваш информации според дадени критериуми, ќе внесуваш податоци во систем и ќе го проследуваш кандидатот низ сите чекори за вработување.

Што ќе работиш?

  • ќе контактираш CDL возачи од САД преку телефон, SMS, email и други канали
  • ќе водиш разговори со кандидати за отворени возачки позиции
  • ќе објаснуваш услови за работа според дадени информации
  • ќе проверуваш основни податоци и услови за аплицирање
  • ќе внесуваш notes, updates и статуси во recruiting систем
  • ќе следиш во која фаза се наоѓа секој кандидат
  • ќе правиш follow-up со кандидати кои веќе биле контактирани
  • ќе комуницираш со тим лидер и recruiting тимот
  • ќе помагаш во одржување на уредна база на кандидати

Кого бараме?

Оваа позиција е за кандидат кој знае да комуницира јасно, има добар пристап со луѓе и може да работи со повеќе кандидати во исто време.

Потребно е:

  • добро познавање на англиски јазик, писмено и говорно
  • добра комуникација по телефон, SMS и email
  • самодоверба при разговор со кандидати
  • способност за јасно објаснување информации
  • внимание на детали
  • добра организација на време
  • одговорен пристап кон работата
  • способност за следење инструкции и процеси
  • брзо снаоѓање со нови информации
  • желба за учење во recruiting средина

Искуство во driver recruiting, customer support, sales или logistics е предност, но не е задолжително.

Што нудиме?

  • основна плата + фиксен бонус + дополнителен бонус по вработен возач
  • платена обука за почетници
  • работно време: 15:00 - 23:00
  • работа од модерна канцеларија во центарот на Штип
  • бесплатно користење на wellness центар со теретана и сауна
  • можност за кариерен напредок
  • слободен ден за роденден

Аплицирај сега.

Пријави се

Прилози

Заштита на лични податоци *

Покажи повеќе...
SuperiorGlobalServices
FledgeHR © 2026
Cookie consent Политика за приватност