Driver Recruiter
Локација: Прилеп, Македонија
Оддел: Recruiting
Ниво: Почетничко или со искуство
Работно време: 15:00 - 23:00
Superior го проширува Recruiting тимот и бара нов член за позиција Driver Recruiter во нашата канцеларија во Прилеп.
Ова е канцелариска позиција за кандидати со добар англиски јазик, добра комуникација и интерес за работа со луѓе. Работата е поврзана со регрутација на CDL шофери од САД за carrier компании на U.S. пазарот.
Позицијата е отворена за кандидати со претходно искуство во recruiting, customer support, sales, logistics или административна работа, но може да биде добра можност и за почетници кои сакаат да учат.
За кандидати без претходно искуство, ќе има платена обука во канцеларијата на Superior во Штип, во времетраење од 1 до 2 месеца(со обезбеден превоз)
Што значи Driver Recruiter позицијата?
Driver Recruiter е позиција во која ќе комуницираш со CDL шофери од САД и ќе им помагаш да поминат низ процесот за аплицирање за отворени возачки позиции.
Во текот на смената ќе контактираш шофери, ќе разговараш со нив за работни понуди, ќе проверуваш основни информации според дадени критериуми, ќе внесуваш податоци во систем и ќе го следиш кандидатот низ следните чекори.
Со други зборови: твојата задача е да ја одржуваш комуникацијата со шоферите, да ги собереш потребните информации и да му помогнеш на тимот да има точен статус за секој кандидат.
Што ќе работиш?
ќе контактираш CDL шофери од САД преку телефон, SMS, email и други канали
ќе водиш разговори со кандидати за отворени возачки позиции
ќе објаснуваш услови за работа според дадени информации
ќе проверуваш основни податоци и услови за аплицирање
ќе внесуваш notes, updates и статуси во recruiting систем
ќе следиш во која фаза се наоѓа секој кандидат
ќе правиш follow-up со кандидати кои веќе биле контактирани
ќе комуницираш со тим лидер и recruiting тимот
ќе помагаш во одржување на уредна база на кандидати
Кого бараме?
Оваа позиција е за кандидат кој знае да комуницира јасно, има добар пристап со луѓе и може да работи со повеќе кандидати во исто време.
Потребно е:
добро познавање на англиски јазик, писмено и говорно
добра комуникација по телефон, SMS и email
самодоверба при разговор со кандидати
способност за јасно објаснување информации
внимание на детали
добра организација на време
одговорен пристап кон работата
способност за следење инструкции и процеси
брзо снаоѓање со нови информации
желба за учење во recruiting средина
Искуство во driver recruiting, customer support, sales или logistics е предност, но не е задолжително.
Што нудиме?
платена обука и воведување во работата
фиксна плата + дополнителни месечни бонуси според резултати
обука во Штип за почетници, во времетраење од 1 до 2 месеца (со обезбеден превоз)
работа од канцеларија во Прилеп
работно време: 15:00 - 23:00
можност за кариерен развој
слободен ден за роденден
Ако имаш добар англиски, сакаш работа со луѓе и те интересира recruiting за U.S. trucking, ова може да биде твојот почеток во Superior.
Аплицирај сега.
Пријави се