Track & Trace Agent (After-hours)

Македонија
Оperations
Почетничко

After-Hours Track & Trace Coordinator
Локација: Штип, Македонија
Оддел: Operations
Ниво: Почетничко
Работно време: 22:30 - 06:00 или 06:00 - 13:30

Superior го проширува Track & Trace тимот и бара нов член за After-Hours смена.

Ова е канцелариска позиција за кандидати со добар англиски јазик, одговорен пристап и желба да научат како се следат активни пратки во транспортната индустрија.

Не мора да имаш претходно искуство во логистика или транспорт. Ќе добиеш платена обука и тим што ќе ти помогне да го научиш процесот од почеток.

Што значи After-Hours Track & Trace?

After-Hours Track & Trace значи следење на активни пратки надвор од редовното работно време.

Во текот на смената ќе проверуваш каде се наоѓа камионот, дали pickup или delivery оди според план, дали има доцнење, промена или ситуација што треба да се пренесе до тимот.

Твојата улога е тимот да има точна информација кога нешто се случува надвор од редовната смена.

Што ќе работиш?

  • ќе следиш активни пратки, pickup и delivery updates

  • ќе внесуваш статуси, локации и информации за камиони во систем

  • ќе комуницираш со возачи, brokers и внатрешниот тим преку телефон или email

  • ќе известуваш за доцнења, промени и важни статуси

  • ќе следиш температурни услови кај пратки каде што тоа е потребно

  • ќе внесуваш tracking notes и ќе водиш уредна евиденција

  • ќе помагаш при ситуации што може да се појават за време на смена

  • ќе следиш инструкции од Fleet Managers и Carrier Operations тимот

Кого бараме?

Оваа позиција е за кандидат кој сака да учи, знае јасно да комуницира и може да остане смирен кога има повеќе информации во исто време.

Потребно е:

  • добро познавање на англиски јазик, писмено и говорно

  • добра организација на време

  • способност за работа со повеќе задачи

  • одговорен пристап кон работата

  • внимание на информации и статуси

  • добра комуникација со тим и надворешни контакти

  • желба за учење во логистичка средина

Искуство во транспортна индустрија е предност, но не е задолжително.

Што нудиме?

  • фиксна плата + дополнителни месечни бонуси според резултати

  • платена обука и воведување во работата со поддршка од тимот

  • работа од канцеларија во Штип

  • работно време: 22:30 - 06:00 или 06:00 - 13:30

  • модерна работна средина во центарот на градот

  • можност за кариерен развој во Operations

  • слободен ден за роденден

  • бесплатно користење на теретана и сауна

Ако имаш добар англиски и бараш место каде што можеш да почнеш без претходно искуство, ова може да биде твојата прва сериозна канцелариска работа.

Аплицирај сега.

 

Пријави се

Прилози

Заштита на лични податоци *

Покажи повеќе...
SuperiorGlobalServices
FledgeHR © 2026
Cookie consent Политика за приватност