Carrier Sales Representative
Carrier Sales Representative е одговорен за пронаоѓање, договарање и управување со капацитет на превозници со цел да се поддржат потребите за транспорт на клиентите. Оваа позиција има клучна улога во обезбедување навремен и економичен транспорт, како и градење силни и долгорочни односи со превозници.
Одговорности и задачи:
-
Градење и одржување долгорочни односи со превозници
-
Комуникација со track & trace тимот за решавање на проблеми со пратки
-
Следење на пазарни услови, цени по рути и трендови на капацитет
-
Обезбедување дека превозниците ги исполнуваат сите услови за усогласеност, безбедност и осигурување
-
Тесна соработка со Account Managers, Sales тимот и директно со клиенти
-
Ажурирање на TMS системот со точни информации за товарите и превозниците
-
Способност за мултитаскинг и работа под висок притисок
Биди дел од нешто поголемо
Ова е практична и влијателна улога. Нашите клиенти се потпираат на нас за беспрекорна испорака – а токму ти ќе бидеш клучната алка во тој процес.
Развој на кариера
Ќе имаш можност да се развиваш, специјализираш или во иднина да водиш сопствен тим.
Тимски дух
Ќе бидеш дел од тим кој соработува, си помага и навистина ги цени новите идеи.
Дали се пронаоѓаш?
Аплицирај денес и започни кариера каде твојата работа има вистинско значење – со можност за бонуси според перформанси.
Потребни вештини и карактеристики:
-
Искуство во логистика, carrier sales, диспечирање или брокерство (предност)
-
Одлични вештини за преговарање и комуникација
-
Способност за работа во динамична средина со кратки рокови
-
Аналитичен пристап и внимание на детали
Нудиме:
-
Работа во динамична и професионална логистичка средина
-
Платена обука и поддршка при воведување во работата
-
Можност за професионален раст и развој
-
Конкурентни услови за работа и добра работна атмосфера
- Слободен ден за роденден
- Бесплатно користење на теретана и сауна