Data Entry Specialist
Македонија
Carrier Accounting
Почетничко
Преглед на работната позиција:
Како Data Entry Specialist, ќе имате клучна улога во нашата компанија преку точно и ефикасно внесување на информации во базата податоци од различни документи. Вашите одговорности вклучуваат обезбедување на точноста и доверливоста на податоците. За успех во оваа позиција потребни се навремено и прецизно внесување на податоците, поддршка на тимот во одржување на точни и достапни записи, како и висока внимателност и посветеност на квалитетот на податоците.
Одговорности и должности:
-
Навремено внесување на комплетни информации за товари во системот.
-
Внесување на EFS трошоци (Lumper, Gate Fee, Escort Fee) за одржување на финансиските записи.
-
Комуникација и соработка со Одделот за операции за решавање на евентуални проблеми со товари.
-
Следење на неприфатени или нецелосно обработени товари и навремено решавање на разликите.
-
Управување со големи табели: создавање и ажурирање на табели со голем број податоци без грешки.
-
Проверка на точноста на податоците според изворните документи.
Вештини и карактеристики:
Специфични вештини:
-
Одлично познавање на алатки за обработка на текст и табеларни процесори (MS Word, Excel итн.)
-
Познавање на канцелариска опрема и хардвер
-
Основно познавање на веб апликации
-
Добро познавање на англиски јазик (писмено и усмено)
-
Внимание на детали и прецизност
Лични карактеристики:
-
Организираност и внимание на детали
-
Тимски дух и позитивен став
-
Самостојност и мотивација за работа без постојан надзор
-
Способност за приоретизирање на задачи
Софтверски алатки кои се користат:
-
Pro Transport
-
EFS
-
RingCentral
-
Gmail, Google Maps и Google Workspace
-
Adobe Acrobat
Цели на позицијата:
-
Одржување висок степен на точност при внес на податоци
-
Завршување на сите доделени задачи во утврдени рокови
-
Соработка со други оддели за осигурување на конзистентност на податоците
-
Почитување на стандарди и процедури за внес на податоци во согласност со политиките на компанијата
-
Идентификување и пријавување на евентуални неправилности во податоците