Track&Trace
Македонија
Brokerage
Track & Trace Specialist
Во Superior Global Services бараме личност која разбира колку е важно постојано да се комуницира, да се следи секој детал и брзо да се реагира кога нешто бара внимание. Оваа позиција е клучна за навремена и успешна испорака на пратките.
Што ќе работиш:
-
Дневно следење и мониторинг на пратки
-
Комуникација со возачи и разбирање на нивната моментална состојба на пат
-
Обезбедување точни и навремени информации за статусот на пратките
-
Целосна фокусираност и внимание на детали за време на целата смена
-
Навремено пријавување и решавање проблеми поврзани со испораки, подигнувања или опрема
-
Одржување постојана комуникација со испраќачи и примачи со цел нивно целосно задоволство
Биди дел од нешто поголемо
Ова е практична и одговорна улога со директно влијание врз квалитетот на услугата. Нашите клиенти се потпираат на нас за беспрекорна испорака – а токму ти ќе бидеш тој што ќе се погрижи сè да оди како што треба.
Развој на кариера
Нудиме простор за професионален развој, специјализација, а во иднина и можност за напредување и водење тим.
Тимска атмосфера
Ќе станеш дел од тим кој:
-
соработува и си помага
-
има отворена комуникација
-
ги цени новите идеи и иницијативата
Кого бараме:
-
Одлично познавање на англиски јазик (говор, пишување и разбирање)
-
Самодоверба во започнување и водење разговори со возачи, испраќачи и примачи
-
Одговорност, организираност и способност за брза реакција
-
Способност за работа во динамична средина