Driver Recruiter
Македонија
Регрутинг
Стручно
Опис на позицијата
Superior Global Services бара Solo Recruiter кој самостојно ќе управува со целиот процес на регрутација на Class A возачи – од првиот контакт до финалното вработување.
Оваа позиција бара високо ниво на одговорност, одлични комуникациски вештини и способност за приоритетно работење во динамична средина. Solo Recruiter работи автономно, но директно одговара пред Recruiting Manager и е одговорен за исполнување на целите за вработување согласно потребите на клиентите.
Клучни одговорности
1. Целосна одговорност за регрутацискиот процес
-
Првичен контакт и квалификација на кандидати
-
Објаснување на понуди за работа и очекувања на клиентите
-
Помош при пополнување на апликации (IntelliApp)
-
Континуирани follow-ups и одржување на ангажманот на кандидатите
-
Координација со интерни тимови (safety, operations, onboarding)
-
Спроведување на сите чекори до финално вработување
👉 Очекување: Recruiter-от е целосно одговорен за напредокот или навремената дисквалификација на кандидатите, без зависност од други тимови.
2. Управување со апликации
-
Приоритетно работење со кандидати блиску до вработување
-
Континуирано следење на pipeline-от и спречување застој
-
Осигурување дека квалификувани кандидати не се одложуваат поради лоша организација
3. Комуникација со кандидати и професионално однесување
-
Професионална и почитувачка комуникација со сите кандидати
-
Јасни информации и реални очекувања
-
Чести follow-ups (понекогаш повеќе пати дневно) за задржување на интересот
Строги професионални граници:
Забрането е дискутирање на теми поврзани со:
-
Политика
-
Религија
-
Раса или етничка припадност
-
Возраст
4. Усогласеност со клиентски критериуми
-
Строго почитување на барањата и процесите на секој клиент
-
Работа согласно интерни правила без исклучоци
Профил на идеален кандидат
-
Искуство во recruiting (предност: trucking / driver recruiting)
-
Одлични комуникациски и организациски вештини
-
Самостојност и високо чувство за одговорност
-
Способност за работа под притисок и со рокови
📩 Аплицирање:
Доколку сте мотивирани, организирани и сакате целосна контрола врз процесот на регрутација – аплицирајте и станете дел од Superior Global Services!