Data Entry Specialist
Локација: Штип, Македонија
Ниво: Junior / Mid-level
Работно време: 14:00-22:00/15:00-23:00
Superior бара нов член за позиција Data Entry Specialist.
Ова е канцелариска позиција за кандидати што сакаат да работат со податоци, документи и системи поврзани со транспортната индустрија на U.S. пазарот.
Оваа позиција одговара на кандидати кои имаат добар англиски, се снаоѓаат со табели, документи и системи, и работат внимателно со информации. Најдобро ќе се вклопат кандидати што веќе имаат искуство со Data Entry или административна работа.
Што ќе работиш?
ќе внесуваш информации за товари во систем
ќе проверуваш дали податоците се целосни и правилно внесени
ќе ажурираш податоци според документи, email пораки и инструкции од тимот
ќе работиш со табели и ќе внесуваш поголем број информации
ќе внесуваш трошоци поврзани со транспортни тури
ќе комуницираш со други оддели кога недостига информација или има нејасен податок
ќе одржуваш уредна евиденција за задачите што се обработуваат
ќе следиш инструкции од тим лидер и клиент
Кого бараме?
Оваа позиција е за кандидати кои добро се снаоѓаат со податоци и можат да останат фокусирани на детали во текот на целата смена.
Потребно е:
добро познавање на англиски јазик, особено писмено
добра работа со компјутер
познавање на Excel, Google Sheets или слични алатки
внимание на детали
точен и одговорен пристап кон работата
добра организација на време
способност за работа со повторливи задачи без губење фокус
брзо снаоѓање со нови системи и инструкции
желба за учење во логистичка средина
искуство во Data Entry или администрација е предност.
Што нудиме?
фиксна плата + дополнителни месечни бонуси според резултати
платена обука за почетници и воведување во работата со поддршка од тимот
работа од канцеларија во центарот на Штип, во модерна работна средина
работно време: 14:00-22:00/15:00-23:00
можност за кариерен напредок
слободен ден за роденден
бесплатно користење на теретана и сауна
Ако имаш солидно познавање на англиски, знаеш да работиш внимателно и сакаш позиција во канцеларија, ова може да биде вистинскиот почеток за тебе.
Аплицирај сега.
Пријави се